Уште една мистериозна болест, сега во Уганда

Заболените од оваа болест стануваат хиперактивни и ја губат контактибилноста со околината.

 |  Голабовски Крсте  | 
zrtva
жртва

Болеста го напаѓа нервниот систем, се губи контрола, децата не размислуваат и цело време климаат со главата. Заостануваат во развојот и имаат напади слични како кај оние кои заболуваат од епилепсија. Досега никој не успеал да се излечи од оваа болест.

zrtvaГрејс Лагат мора да ги врзе своите деца пред да ја напушти куќата. Треба да им ги врзе нозете и рацете за да не се изгубат. Нејзината ќерка Паулин неодамна ја немало цели пет дена. Експертите не знаат што ја предизвикува болеста која што најчесто се јавува кај децата. Лекарите се во паника.
Жртвите на болеста може да ја напуштат куќата и исчезнуваат. Има доста смртни случаи кои се предизвикани од пожари и несреќи кои пак се предизвикани од децата кои ја имаат болеста.
Вработените во црвениот крст во Уганда, се фрустрирани од тоа што го гледаат како недостаток на итно справување на владата со инфекцијата.Лекарствата кои што им се даваат на заболените може само да ја успорат болеста но не и да ја спречат. Во моментов владини претставници на Уганда прават сè за да се најде излез од епидемијата од оваа болест.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top