Властите на Бермудите, каде летуваат и американската државна секретарка Хилари Клинтон и нејзиниот сопруг Бил, веќе издадоа предупредување заради ураганот.
Според прогнозите ураганот Бил ќе дојде до копно дури во понеделник или вторник во северниот дел на Канада, но значително ослабен. Сепак САД го предупреди населението на внимателност, бидејќи се очекуваат високи бранови.
Ураганот во средата малку се смири, но сепак е на границата од четврта категорија со ветрови со брзина до 205 километри на час.
Ова е првиот во сезоната на урагани што трае од јуни до ноември. Вообичаено најсилните урагани и бури се случуваат во август и септември.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град