Бура околу унгарскиот тепих

Претседавањето на Европската унија на Унгарија почна со нов скандал, со тепих кој ја прикажува Европа во време на Хабсбуршката монархија.

 |  Маја Савиќ  | 
tepih
спорниот тепих

Тепихот со големина од 202 квадратни метри, на унгарската уметничка Ливие Папаи, кој од почетокот на јануари се наоѓа во предворјето на зградата на Европскиот совет во Брисел, ги разбуди духовите во повеќето европски земји.
tepih
Имено, тепихот ја прикажува Унгарија од 1848. година, во време кога во таа земја владеела Хабсбуршката монархија.

Иако се работи за карта од времето на Австроунгарската монархија, т.е. т.н. Голема Унгарија (прогласена во 1867. година), во Брисел овие денови сите ја критикуваат симболиката на изборот на тој историски момент.

Имено, во 1848. година Унгарија тргнала во воен поход за ширење на своите граници кон Австрија, Романија, Словачка па и во Хрватска.

„Таа карта ја симболизира и претставува денешната политичка атмосфера во земјата во која соновите за голема Унгарија, очигледно се уште се живи“, изјави пратеничка од Зелените во Европскиот парламент, Австријката Улрике Луначек, пренесе германското државно радио „Дојче веле“.

„Тепихот покажува само низа слики од културно историски настани“, рече портпаролот на унгарското претседателство на ЕУ Мартон Хајду и додаде дека не се работи за некои „носталгични сеќавања на „Голема Унгарија“.

Тепихот изложен во влезот на зградата на Европскиот совет навистина ги прикажува и композиторот Франц Лист, Св. Стефан, кралицата Елизабета, сликарот Виктор Вазарели како и Ерна Рубика (пронаоѓач на славната рубикова коцка), но приказот на картата од 1848. година сите тие ги фрла во сенка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top