Непознат разбојник случајно киднапирал шестгодишно дете синоќа во Белград кога украл автомобил “цитроен ц4“, пишува срспкиот весник “Блиц“.
Кога видел дека дете спие на задното седиште од автомобилот крадецот само километар подалекува од местото на кражба го оставил автомобилот и побегнал. Полицијата успеал да го лоцира “цитроенот“ пет минути подоцна, а момчето се уште безгрижно спиело во автомобилот.
Весникот наведува дека, таткото на момчето го паркирал автомобилот и отишол во фотокопирница, а детето го оставил да спие. Бидејќи непланирал многу да се задржи, белграѓанецот го оставил автомобилот вклучен, а клучевите ги оставил во бравата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град