Битката за Киев на Плоштадот на независноста се разгорува – демонстрантите се судриле со безбедносните сили во дожд од снајперски куршуми.
Битката за Киев на Плоштадот на независноста се разгорува – демонстрантите се судриле со безбедносните сили во дожд од снајперски куршуми.
Повеќе десетици луѓе се повредени во ескалацијата на насилството, а има информации и за голем број цивилни жртви, пренесува „Russia today“.
Демонстрантите стигнале до зградата на парламентот на земјата истуркувајќи ја полицијата во блискиот парк Марински. Прогласена е итна евакуација и членовите на парламентот и вработените ја напуштаат зградата.
Демонстрантите пукале кон екипата на „Russia today“ што се обидувала да го сними разгорувањето на насилството на киевскиот Плоштад на независноста.
Вооружените демонстранти го зазеле хотелот Украина, заробувајќи ја екипата на РТ внатре, и пукаат од прозорците кон луѓето надвор.
Полицијата јави дека повеќе од 20 полицајци се повредени со снајперски оган.
Демонстрантите утрово фрлаа камења и молотови коктели кон полицијата, и покрај тоа што е прогласен ден на жалост, во знак на почит кон 28-те луѓе што загинаа во немирите. На Плоштадот пристигнале амбулантни возила, а видеоснимките покажуваат како повеќе луѓе се одвезуваат на носила.
Полицијата фрла солзавец за да ги смири демонстрантите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град