Сите образовни институции во Грција ќе останат затворени денеска, на денот на кој е закажан погребот на тинејџерот, кој беше застрелан од полицијата во Атина.
Сите образовни институции во Грција ќе останат затворени денеска, на денот на кој е закажан погребот на тинејџерот, кој беше застрелан од полицијата во Атина.
Како што јавија грчките медиуми, средните училиште се затворени по наредба на министерството за образование.
Вишите установи и факултети нема да работат заради тридневниот штрајка на вработените, но и заради најава на студентски протести, додека учителите во основните училишта исто така објавија штрајк и најавија поддршка на митингот организиран од Конфедерација на синдикати.
Убиството на 15 годишното момче предизвика голем бран нереди во изминатите два дена во поголемите градови на Грција.
Повеќе илјади средношколци и студенти вчера излегоа на улиците на главниот град на протест, при што се забарикадирана во двата универзитетски центри на градот и блокираат две главни улици во Атина.
Неколку стотини ученици и студенти протестираа и во Солун го продолжија, кршејќи излози и палејќи автомобили.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град