Пет лица загинаа, а девет се ранети синоќа во напад врз верски настан на муслимански шиити во источниот дел на Саудиска Арабија, соопшти денеска саудиската полиција.
Кусо пред полноќ шиитите од селото Ал Далуа го празнувале празникот Ашура, во спомен на маченикот Хусеин, внук на пророкот Мухамед, убиен во седмиот век во Кербала.
Од Саудиската полиција изјавиле дека за време на церемонијата три засега непознати лица отвориле оган со митрoлез и пиштоли, при што убиле пет лица и раниле деветмина.
Шиитите претставуваат околу десет отсто од населението на кралството, во кое се практикува претежно сунитскиот ислам.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град