Убиствата во САД се зголемија за речиси 30 отсто во 2020-та година

Убиствата во САД се зголемија за речиси 30 проценти минатата година во споредба со 2019-та година, дел од севкупниот пораст на насилниот криминал во земјата, објави Федералното биро за истраги-ФБИ.

 |   | 

Убиствата во САД се зголемија за речиси 30 проценти минатата година во споредба со 2019-та година, дел од севкупниот пораст на насилниот криминал во земјата, објави Федералното биро за истраги-ФБИ.

Во својот годишен извештај за статистика на криминалот, ФБИ соопшти дека минатата година во САД биле извршени скоро 1,3 милиони насилни злосторства, што е за 5,6 проценти повисока во однос на 2019-та година и првпат оваа бројка се зголеми во последните четири години. Пријавени се речиси 18 илјади убиства, соопшти ФБИ.

Оттаму велат дека се извршени повеќе од 6,4 милиони кривични дела поврзани со имот, што е за 7,8 проценти помалку од претходната година.

Иако бројот на убиства и прекршоци за убиство од небрежност се зголеми, бројот на разбојништва е намален за 9,3 проценти и силувањата за 12 проценти, додека проценетиот број на тешки прекршоци за напад се зголемил за 12,1 проценти.

Бројот на кражби се намалил за 7,4 проценти, но кражбите на моторни возила пораснале за 11,8 проценти.

Колективно, жртвите на имотни злосторства, без да биде тука вклучен пожарот, претрпеа загуби проценети на 17,5 милијарди долари во 2020-та година. Агенциите за спроведување на законот низ САД минатата година уапсија 7,6 милиони луѓе, исклучувајќи ги оние за сообраќајни прекршоци, се наведува во извештајот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top