Убиен новинар во Мексико

Новинар е убиен во јужно Мексико во државата Оаксака, со што бројот на убиени новинари во земјата годинава се искачи на пет, соопшти мексиканското државно обвинителство.

 |   | 

Новинар е убиен во јужно Мексико во државата Оаксака, со што бројот на убиени новинари во земјата годинава се искачи на пет, соопшти мексиканското државно обвинителство.

Локалните власти соопштија дека жртвата е Хебер Лопез, директор на веб-порталот за вести „Нотицијас“. Државното обвинителство на Оаксака соопшти дека двајцата осомничени за убиството се во притвор и дека им е одземен пиштолот.

Родолфо Кансеко Гутиерез, директор на порталот „Нотицијас“ и долгогодишен пријател на убиениот Лопез, рече дека Лопез известувал за криминалот и полицијата и дека никогаш не му кажал дека добивал закани, но не се сомнева дека убиството има некаква врска со тоа.

Според сведокот, околу 18.30 часот пред канцеларијата на Лопез застанало бело возило со двајца мажи. Еден од нив влегол во канцеларија и го застрелал новинарот.

Убиството на Лопез е петто убиство на новинар во Мексико од почетокот на годината. Во јануари беа убиени четворица новинари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top