Уапсен модерниот Пабло Ескобар, најмоќниот колумбиски наркобос

Колумбиските вооружени сили го уапсија моментално најмоќниот дилер на дрога по смртта на озлогласениот Пабло Ескобар, Даир Антонио Усугу, познат како Отониел, водачот на моќниот картел Клан дел Голфо (Клан на Заливот), кој бил уапсен во една од колумбиските џунгли, пишува Гардијан.

 |   | 

Разузнавачките служби предводени од САД и Велика Британија дале доволно информации за да им овозможат на повеќе од 500 војници и припадници на колумбиските специјални сили да го уапсат Отониел заедно со осум членови од неговото обезбедување, кои постојано го следеле, соопштија Властите.

Името на акцијата била наречена „Операција Озирис“, а во неа убиен е еден полицаец. 

Отониел беше најстрашниот дилер на дрога во светот, како и убиец на полицијата, војската и цивилите. Овој удар може да се спореди само со падот на Пабло Ескобар во 1990-тите – изјави претседателот на Колумбија, Иван Дјук, по апсењето.  

Клан дел Голфо претставува страв и трепет во северна Колумбија, контролирајќи ги централните патишта на шверц на кокаин од Централна Америка до Соединетите држави. Американската влада одамна го стави на листата на најбарани и понуди награда од 5 милиони долари за неговото апсење. Првпат беше осуден во 2009-та година во судот во Менхетен за нелегална трговија со дрога, но и за поддршка на радикално десничарските паравоени групи, кои САД ги смета како терористички.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top