Уапсен еден од десетте најбарани криминалци во светот

Американецот Ерик Џастин Тот, осомничен за злоставување и порнографски снимки со деца е уапсен во Никарагва, објави ФБИ.

 |  Голабовски Крсте  | 
justin tot
џастин тот

Американецот Ерик Џастин Тот, осомничен за злоставување и порнографски снимки со деца е уапсен во Никарагва, објави ФБИ.

Тот бил меѓу десетте најбарани криминалци на списокот на ФБИ по убиството на Осама бин Ладен.Тој бил учител во основно училиште во Вашингтон, а разоткриен е во 2008 година кога бил пронајден училишниот фотоапарат којшто го користел, а на кој имало порнографски фотографии со деца.

justin totТот после тоа исчезнал, а ФБИ тргна по негова потрага. На листата на најбарани бегалци го замени убиениот водач на Ал Каеда, Осама бин Ладен, а за информација за него ФБИ нудеше 100.000 долари.

Во понеделникот бил уапсен во Никарагва и ќе биде предаден на американските власти. На Тот му се заканува казна од 15 до 30 години затвор. Списокот на најбарани криминалци е објавен прв пат во 1950 година и до денешен ден на него имало 495 луѓе, од кои се уапсени 465.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top