Турските синдикати ќе штрајкуваат против Ердоган

Турските синдикати планираат национален штрајк денеска во услови на интензивни протести против премиерот Реџеп Таип Ердоган.

 |  Голабовски Крсте  | 
protesti
протести

Доктори, инженери и стоматолози ќе штрајкуваат во знак на незадоволство од исфрлањето на демонстрантите од паркот Гези во Истамбул.
Ноќеска имало неколку судири на демонстрантите со полицијата.

protestiОткако турската полиција со сила го расчисти паркот Гези во Истанбул, премиерот Ердоган натамошно ја подгреа тензијата во земјата. Тој ги нарече демонстрантите „терористи“ и „отпадници“.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган само кратко време ги држеше своите критичари во надеж дека ќе ги запре бруталните акции на полицијата, кои траат повеќе од две недели. Минатата недела тој покажа спремност за дијалог, среќавајќи се со претставници на протестното движење „Солидарност за Таксим“, навестувајќи дури и референдум со кој народот ќе реши што понатаму со паркот Гези.
Протестите првично почнаа поради најавите да се гради трговски центар во паркот, но потоа прераснаа во бунт против конзервативно-религиозната влада во Турција.

Но, исто така илјадници луѓе синоќа се собрале во Истанбул во знак на поддршка за турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган додека тој одржувал говор во еден парк недалеку од плоштадот Таксим.

„Расчистувањето на паркот Гези е моја должност и оние што се прашуваат што е тоа што се случува во Турција треба подобро да го погледнат Казличешме, во Истанбул“, рече Ердоган.

Тој, исто така, остро ги критикувал меѓународните медиуми за прикажувањето „лажна“ слика за Турција и ги повикал турските граѓани да не веруваат во „лагите“ на странските медиуми, пренусаваат руските медиуми.

Меѓутоа, група демонстранти синоќа ја нападнала регионалната канцеларија во Истанбул на главната опозициска Народнорепубликанска партија во Турција, соопштија руските медиуми, повикувајќи се на електронското издание на весникот „Хуриет“.

Напаѓачите, кои скандирале пароли за поддршка на премиерот Реџеп Таип Ердоган, ги испокршиле прозорците на зградата.

-Бевме нападнати од 35-40 лица, кои фрлаа камења и дрва со повиците „Реџеп Таип Ердоган“. Групата се разбега откако забележа движење внатре во зградата, изјави пратеник на опозицијата, кој се наоѓал во канцеларијата за време на нападот. Тој прецизирал дека никој не е настрадан во нападот.

Според податоците на истанбулската адвокатска комора, во градот се приведени околу 350 лица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top