Турција нема да се одрече од Кипар

Турција никогаш нема да се одрече од своето право да биде „гарант“на Кипар, дури и ако лидерите на кипарските Турци и Грци до крајот на годината потпишат мировен договор.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kipar
Кипар

Турција никогаш нема да се одрече од своето право да биде „гарант“на Кипар, дури и ако лидерите на кипарските Турци и Грци до крајот на годината потпишат мировен договор.

KiparОва го рече заменикот турски премиер Чемил Чичек, која на северот на Кипар одржа говор по поводу 35. годишнината од турската инвазија на оваа островска држава, што следеше пет дена по државниот удар поттикнат од Грција

Турција интервенцијата ја оправда со статусот на „гарант“ заедно со Грција и Велика Британија, по договорот од 1960. со кој Кипар стекна независност од Лондон.

Статусот на гарант, кој на секоја од трите држави им ја допушта можноста од интервенција за да се сочува уставниот поредок, е клучно прашања во мировните преговори на грчката и турската заедница на тој поделен остров.

Кипарските Грци бараат овие гаранции да се укинат, а кипарските Турци се против. За Грците, кои сакаат повторно обединување на земјата како двозонска федерација, неприфатлив е турскиот предлог за постоење на две држави.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top