Tунели од Шкотска до Турција биле изградени во Камената ера

Некои експерти веруваат дека луѓето ги граделе мрежите од тунели за да се заштитат од предаторите, додека други тврдат дека тунелите служеле како денешните автопатишта.

 |  Маја Савиќ  | 
tuneli
tuneli

Германскиот археолог Хајрих Куч во својата нова книга пишува дека луѓето од Камената ера изградиле огромна мрежа од подземни тунели од Шкотска до Турција.

tuneli

Куч наведе дека доказите за постоење на тунелите се пронајдени во бројни неолитски населби ширум Европа.

Во книгата „Secrets Of The Underground Door To An Ancient World“ Куч напишал дека многу тунели опстанале и до денеска и дека е многу веројатно дека таа мрежа била огромна.

-Во Баварија, во Германија, пронајдовме мрежа од тунели долга 700 метри, а во Штаерска, во Австрија, околу 350 метри. Низ цела Европа имало неколку илјади тунели, од Шкотска до Медитеранот, напиша Куч.

Тој во книгата наведува дека многу тунели се широки едвај 70 сантиметри, колку што е доволно за едно лице да се провлече.

– Во некои тунели има места и за седење, па и комори и соби. Не се сите тунели поврзани, но заедно прават огромна подземна мрежа, вели археологот.

Некои експерти веруваат дека луѓето ги граделе мрежите од тунели за да се заштитат од предаторите, додека други тврдат дека тунелите служеле како денешните автопатишта.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top