Тројца Тибеќанци се самозапалија во знак на протест поради кинеската власт во хималајската област и им подлегнаа на повредите, соопшти асоцијацијата „Слободен Тибет“, чие седиште се наоѓа во Лондон.
Тројца Тибеќанци се самозапалија во знак на протест поради кинеската власт во хималајската област и им подлегнаа на повредите, соопшти асоцијацијата „Слободен Тибет“, чие седиште се наоѓа во Лондон.
Двајца будистички монаси, на 20 и 23 годишна возраст, се самозапалија синоќа во манастир во југозападната кинеска провинција Сачуан, додека во вторникот 23-годишна девојка се самозапали во истата провинција.
– Сите Тибеќанци, кои си го одземаат животот на овој начин, го прават тоа бидејќи чувствуваат дека немаат друг начин Кина и светот да ги слушнат нивните повици за слобода на татковината, коментира асоцијацијата „Слободен Тибет“.
Од 2011 година повеќе од 100 Тибеќанци се самозапалиле во знак на протест.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град