Шумскиот пожар кој вчера околу пладне го зафати медитеранскиот регион на Турција во близина на Анталија и летувалиштето Сиде се уште не изгаснат, но е ставен под контрола. Настрадаа три лица, а принудно е евакуирано населението и туристите во погодените подрачја. Повеќе од 100 лица биле повредени, од кои 58 се хоспитализирани, најмногу поради труење со чад.

Медиумите од соседството јавуваат за евакуација на нивни државјани од хотели во Сиде, бидејќи дува силен ветар кој носи чад, па сопствениците на хотелите решија како мерка на претпазливост да ги пренесат своите гости на други локации.
Ниту во македонските дипломатски претставништва во Турција, амбасадата во Анкара и конзулатот во Истанбул, ниту во Министерството за надворешни работи се обратил наш државјанин со барање за помош или евантуално евакуација. Од МНР велат дека ја следат состојбата, иако немаат информации колку граѓани на Северна Македонија се наоѓаат на одмор во тие туристички места.
Сиде е една од најбараните дестинации. Во своите понуди ја имаат речиси сите македонски туристички агенции.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град