Три бебиња прогласени за 7 милијардитиот жител на Земјата?

Светот го слави 7 милијардитиот жител на планетата Земја, иако се уште точно јавноста не знае каде да ги испраќа честитките- во Русија, Индија или на Филипините.

 |   | 
children
children

world populationСветот го слави 7 милијардитиот жител на планетата Земја, иако се уште точно јавноста не знае каде да ги испраќа честитките- во Русија, Индија или на Филипините.

Нејасно е како настана збрката околу прогласувањето на 7 милијардитото бебе, поради која на три различни локации во светот се прославува доаѓањето на свет на јубилејниот жител на планетата.

Повеќето светски медиуми пишуваат дека Обединетите Нации ја прогласиле за 7 милијардити жител Даника Меј Камачо, девојче родено во Манила на Филипини. Бебето било тешко се на се 2,5 килограми, а родено е 2 минути пред полноќ. Иако е родено пред 31 октомври- денот кога ОН пресмета дека ќе се роди јубилејниот жител на планетата, надлежните од болницата сметале дека е доволно блиску до полноќ за да се води како 7 милијардити жител.

Објавувањето на ваква информација, истовремено со Филипини, го направија и Русија и Индија.

Агенцијата Итар Тас пренесе дека во најзападниот Руски град Калининград две минути по полноќ е роден Пјотр Алексеевич Николаев, момче тешко 3,6 килограми. Преставници на Обединетите Нации денеска на мајката на малиот Пјотр ќе и врачат официјален сертификат насловен „роден на денот на седмата милијарда“.

Индија пак, титулата му ја додели на се уште неименувано девојче кое Ајај и Винета од индиската држава Утар Прадеш ја добија во 7.20 часот по локално време.

Обединетите Нации претходно соопштија дека јубилејниот 7 милијардити жител ќе се роди на 31 октомври, па поради тоа ширум светот се организираат многу свечености.

Обединетие Нации во својот извештај предупредуваат дека демографскиот притисок претставува голем предизвик во борбата за намалување на сиромаштијата и за зачувувувањето на животната средина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top