Tрет смртен случај во Србија од новиот грип

Потврдено е дека жена од Чуприја починала по компликации предизвикани од вирусот Х1Н1, јави синоќа српската државна телевизија.

 |  Крсте Голабовски  | 
grancien premin
граничен премин

Потврдено е дека жена од Чуприја починала по компликации предизвикани од вирусот Х1Н1, јави синоќа српската државна телевизија.

zeniДосега во Србија се регистрирани вкупно 204 заболени од грипот.

Српскиот министер за здравство Томица Милосављевиќ изјави дека во најлошо сценарио, од новиот грип може да заболат една четвртина од вкупното население.

Милосављевиќ нагласи дека е важно вакцинирањето да почне што поскоро и оти ќе бидат обезбедени 915,000 дози за приоритетните категории лица.

Српскиот министер за здравство изрази очекување дека Институтот Торлак од Белград кон половината на 2010 година ќе почне да произведува вакцина Х1Н1 и оти набрзо потоа ќе има доволно вакцини за потребите на Србија, како и за извоз.

Првиот бран вакцинирање во Србија ќе почне во јануари, а проценките на српските здравствени власти се дека грипот ќе има најголеми размери во февруари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top