Трагичен Божиќ во САД

Три деца загинаа, а седум лица се повредени во пожар што избувнал на Божиќ во камп со приколки во Луизијана, држава на јужниот дел на САД, изјавија официјалните лица на противпожарната служба.

 |  Голабовски Крсте  | 
pozar
пожар

Три деца загинаа, а седум лица се повредени во пожар што избувнал на Божиќ во камп со приколки во Луизијана, држава на јужниот дел на САД, изјавија официјалните лица на противпожарната служба.

pozarВо пожарот загинаа браќата на возраст од 9 и 12 години, и нивната 13-годишна сестра. Родителите на жртвите и уште едно дете од семејството, како и уште четири деца биле пренесени во болница во Батон Руж, главниот град на Луизијана.

Пожарот избувнал во текот на ноќта, а кога пожарникарите пристигнале околу 2.30 часот наутро приколката била во пламен.

Таткото успеал да спаси само едно од четирите деца, бидејќи огнената стихија брзо се ширела.

Во моментот на трагедијата во приколката имало 12 луѓе. Загинатите деца со своите родителе дошле на гости за празникот кај свои роднини.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top