Трагедија во Хрватска: Детенце почина од топлотен удар во автомобил

Петгодишно дете починало во затворен автомобил во Хрватска. Безживотното тело на несреќното момче било пронајдено на паркинг на улицата Јовичева.

 |   | 

Станува збор за петгодишно дете од Книн. Според хрватските медиуми, таткото, мајката и момчето утрово тргнале со автомобилот.

Таткото, ја однел мајката на работа, а потоа, пред да замине на работа, морал да го однесе синот во градинка.

Момчето сепак не стигнало во градинката. Се претпоставува дека таткото отишол на работа без да сфати дека момчето останало во автомобилот. Температурата во Книн во моментот на несреќата била над 28 целзиусови степени под сенка. Засега не е познато дали момчето се разбудило и дали се обидувало да повика помош. Во негова близина се изведувале градежни работи, имало многу бучава, па можно е никој да не го слушнал.

Полицијата сега спроведува кривична истрага за таткото на момчето.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top