ТРАГЕДИЈА НА ФЛОРИДА: Дете ја застрелало својата мајка

Страшна несреќа се случи на Флорида кога дете ја застрелало својата мајка во главата. Дете пронашло наполнет пиштол во нивниот стан и пукало во жената додека била на повик на Зум поврзан со работата, соопшти полицијата.

 |   | 

Колешката што разговарала со загинатата Шамаја Лин (21) слушнала силен звук, а веднаш потоа ја видела мајката како паѓа наназад. Во истиот момент, таа повикала брза помош и им рекла на диспечерите дека мисли дека Шамаја е погодена, пишува „Дејли Меил“.

По истрагата, детективите изјавија дека детето на Лин пронашло наполнет пиштол што му припаѓал на неговиот татко, и дека тој ја застрелало неговата мајка во главата во нивната куќа во предградието на Орландо.

„Полицијата и болничарите дадоа се од себе за да и помогнат на г -ѓа Лин, иако беше пронајдена со смртоносна рана во главата. Меѓутоа, тие не успеаја“, велат од полицијата.

Во куќата имало уште едно дете, но за среќа не е повредено.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top