Тони Блер со својата смела изјава ќе си навлече тужба

Поранешниот адвокат на Садам Хусеин бара судска постапка против Тони Блер за водење на „незаконска војна“.

 |  Голабовски Крсте  | 
Tony Blair
Тони Блер

Поранешниот адвокат на Садам Хусеин бара судска постапка против Тони Блер за водење на „незаконска војна“.

Tony BlairПовод за судската постапка е изјавата на поранешниот британски премиер, дека ќе ја вклучи Велика Британија во војната во Ирак, дури и ако Багдад не располагал со оружје за масовно уништување.

Адвокатот Џовани ди Стефано, сега советник на поранешниот ирачки министер за внатрешни работи Тарик Азис, испратил барање до британскиот главен обвинител за кривично гонење на поранешниот премиер.

Блер ја нарушил Женевската конвенцијата од 1957 година, вклучувајќи ја државата во војна „неоправдана и водена на нелегален и произволен начин“ истакна ди Стефано.

Адвокатот го цитира интервјуто  на Блер, дадено за Би Би Си, во кое вели дека ќе ја вклучел државата во војната со Ирак во март 2003 година дури и ако поранешниот ирачки диктатор не располагал со оружје за масовно уништување. „Тоа потврдува дека вистинскиот мотив да биде нападнат Ирак е промена на режимот, а не она што го им го изјави Блер на британските избирачи, парламентот и медиумите во 2003“ смета Ди Стефано.

Британското министерство за правда не даде коментар на изјавата на адвокатот.

Во интервјуто, Блер, кој беше премиер од 1997 до 2007 година, вели дека влезот во Ирак бил оправдан во поголема мера од сфаќањето дека Садам Хусеин е закана за регионот, отколку од постоењето на ОМУ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top