Тимошенко може да добие 10 години затворска казна

Против поранешниот украински премиер и еден од лидерите на Портокаловата револуција од 2004 година Јулија Тимошенко денес во Киев започна судкиот процес за злоупотреба на власта, соопштија агенциите.

 |   | 
Julija Timoshenko
Јулија Тимошенко

Против поранешниот украински премиер и еден од лидерите на Портокаловата револуција од 2004 година Јулија Тимошенко денес во Киев започна судкиот процес за злоупотреба на власта, соопштија агенциите.

Putin i TimoshenkoДоколку биде прогласена за виновна по обвиненијата за злоупотреба на власта при потпишувањето на гасниот договор со Русија во текот на 2009 година, Тимошенко, наречена „гасната принцеза“, може да добие казна од 10 години затвор.

Обвинителството тврди дека махинациите на Тимошенко при потпишувањето на гасната спогодба со Русија во 2009 година, сметана за крајно неповолна за Украина, ја оштетиле државата за над 1,5 милијарда гривни (околу 130 милиони евра).

Првичното рочиште за процесот почна претпладнево во малата, но преполна сала на Печорскиот реонски суд.

Најмалку илјада луѓе дојдоа уште рано утринава пред судот да ја поддржат опозиционерката, развејувајќи знамиња со бела и црвена боја – симболите на нејзиното политичко движење.

Julija TimoshenkoПристапот до судот беше блокиран од полицијата за борба со безредијата. Во дворот на судот веќе дојде судир меѓу приврзаници и противници на Тимошенко.

-Убедена сум дека здравиот разум и љубовта во Украина ќе победат, изјави Тимошенко пред новинарите.

Нејзиниот адвокат, пратеникот Сергеј Власенко, изјави дека прво за што тој ќе се заложи е дозвола за следење на процесот во судската сала на претставниците на печатот.

На почетокот на седницата поранешниот премиер одби да стане на нозе и изјави дека се станува пред суд, а не пред фарса.

-Печорскиот суд опслужува политички порачки, додаде потоа таа, цитирана од руските медиуми.

На денешниот судски процес присуствува и шефот на претставништвото на ЕУ во Украина Жозе Мануел Пинту Тешеира. Пред да влезе во салата, на прашањето на новинарите зошто дошол на судењето тој одговори дека за време на гасната криза во 2009 година Европската комисија внимателно ги следеше настаните и оваа тема е важна за неа. Според Тешеира, со склучувањето на гасниот договор со Русија, Тимошенко ја решила кризата.

Јулија Тимошенко го обвинува претседателот Виктор Јанукович дека стои зад судскиот процес против неа, што има за цел да ја отстрани од учеството на парламентарните избори следната година и на претседателските избори во 2015 година. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top