„Тајмс“:Тито го уби Палме?

Убиството на поранешниот шведски премиер Улоф Палме од 1986-та година, било нарачано и платено од југословенската тајна служба, која планирала вината да им ја префрли на хрватските сепаратисти, откриле германските власти.

 |  Маја Савиќ  | 
Josip Broz Tito
Тито

Josip Broz TitoУбиството на поранешниот шведски премиер Улоф Палме од 1986-та година, било нарачано и платено од југословенската тајна служба, која планирала вината да им ја префрли на хрватските сепаратисти, откриле германските власти.

Пренесувајќи детали од случајот, германскиот магазин Фокус пишува дека атентатот бил дел од едно поголемо сценарио на Јосип Броз Тито, кој бил убеден дека хрватските екстремисти ќе ја загубат поддршката од Западот, доколку се покаже дека тие го убиле шведскиот премиер. Тито почина во 1980-та, но полицијата продолжила со реализирање на заверата.  

Новите клучни докази за атентатот на Улоф Палме ги изнел Винко Синдичиќ, поранешниот платен убиец кој во 1988-ма година во Шкотска беше осуден на 15 години затвор за обид за убиство на еден влијателен хрватски националист. Според него, убиецот е извесен Иво Д., кој во тоа време живеел во Хамбург а сега е пензионер во Загреб.  

Ulof PalmeТој бил човекот кој вечерта на 28-ми февруари 1986-та, ги следел Палме и неговата сопруга Лизбет кога тие се враќале од кино, а потоа им пукал во грб, користејќи пиштол Смит енд Весон. Премиерот почина во болница а сопругата успеаа да преживее.

Германската тајна служба и испратила детално досие на комисијата на Палме во Стокхолм, која не покажала голем интерес а шефот на комисијата кој иако ги видел документите, минатата година изјавил дека ќе биде многу тешко да се разреши убиството.

Меѓу осомничените беа еден шведски екстремист и Курдите а единствениот осуден во случајот, душевно болниот шведски криминалец, Кристер Петерсон, беше ослободен од казната по одлуката на Апелациониот суд.

Југословенската тајна служба никогаш не успеа да ги убеди шведските власти, ниту пак другите земји, дека зад атентатот стојат Хрватите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top