Ситуацијата во Тибет е стабилна и мирна и овој автономен регион се радува на економскиот напредок, уверува кинескиот премиер Ван Џијабао, пренесуван од светските агенции.
Ситуацијата во Тибет е стабилна и мирна и овој автономен регион се радува на економскиот напредок, уверува кинескиот премиер Ван Џијабао, пренесуван од светските агенции.
Тибетќаните сакаат да живеат и работат во мир, додаде тој и ги отфрли тврдењата за неуспех на кинеската политика во Тибет.
„Сосема е спротивно. Долгорочната стабилност и напредокот на Тибет докажуваат за правилноста на нашата политика, истакна премиерот и подвлече дека Кина направи значајни инвестиции во регионот.
Освен тоа Уставот и законите ги штитат слободите и правата на Тибетќаните, вклучувајќи ја и слободата на вероисповед, додаде Ван Џијабао на прес конференција по последната седница на годишната сесија на кинескиот парламент.
Неделава се одбележа 50-ата годишнина од неуспешниот тибетќански бунт против кинеското навлагување во Тибет во 1959 година. Годишнината беше одбележана со демонстрации низ целиот свет, а тибетќанскиот духовен лидер Далај лама ја обвини Кина дека Тибет го претвори во пекол и дека убила стотици илјади Тибетќани.
„Кина е подготвена за дијалог со Далај лама ако тој се откаже од борбата за независност на Тибет“, изјави кинескиот премиер.
Кинескиот премиер ја повика Франција да заземе јасна позиција за Тибет, за што е можно побрзо да се обноват добрите билатерални односи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град