Поранешниот претседател на Јужна Африка Нелсон Мандела оставил зад себе имот вреден нешто повеќе од четири милиони долари, стои во тестаментот што е отворен вчера, пренесува Би-Би-Си.
Поранешниот претседател на Јужна Африка Нелсон Мандела оставил зад себе имот вреден нешто повеќе од четири милиони долари, стои во тестаментот што е отворен вчера, пренесува Би-Би-Си.
Како што соопшти извршителот на тестаментот Дикганг Мосенеке, тестаментот е напишан на 40 страници.
Мандела еден дел од имотот наменил за школување на децата од неговото родно место.
Исто така, дел од имотот ќе добијат и членовите на неговото семејство и личниот персонал.
Тестаментот е прочитан во Јоханесбург, а би можел да биде нов повод за препирки меѓу членовите на неговото многубројно и несложно семејство околу финансиската оставнина на борецот против апартхејдот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град