Тешки оштетувања на античкиот град Помпеја

Поројните дождови и поплавите во локалитетот на Помпеја,во јужна Италија, предизвикаа тешки оштетувања на повеќе објекти во овој некогашен антички град, што целосно беше уништен, по катастрофалната ерупција на вулканот Везув.

 |  Голабовски Крсте  | 
Pompeja
Помпеја

PompejaПоројните дождови и поплавите во локалитетот на Помпеја,во јужна Италија, предизвикаа тешки оштетувања на повеќе објекти во овој некогашен антички град, што целосно беше уништен, по катастрофалната ерупција на вулканот Везув.

Екипи од археолози кои ги испитуваат последиците од лошото време,утврдија дека се оштетени низа потпорни ѕидови во локалитетот,како и структурата на неколку антички храмови,меѓу кои и на храмот на римската божицата Венера. Италијанската влада по тој повод одлучи да додели интервентни два милиони евра, за првите и најитни санации и интервенции во локалитетот,а е побарана финансиска интервенција од Обединетите нации и од ЕУ.

PompejaПомпеја која е лоцирана во близината на Неапол,во 79 година од нашата ера,беше целосно затрупана под огромното количество вулкански пепел,од ерупцијата на вулканот кој се надвиснува над градот.
Локалитетот на некогашниот антички град, сега е едно од најголемите археолошки богатства во светот, што секоја година го посетуваат преку 2,5 милиони туристи.

Италијанските медиуми ја обвинија владата во Рим за ситуацијата во која се најде Помпеја,тврдејќи дека и покрај парите од разни фондови и од посетите на туристите,локалитетот делува како запуштен и помалку заборавен, без доволно обезбедување од ситуации,како што беа силните врнежи од дожд, во неделата и понеделникот.

Весниците во Рим велат дека парите што се издвојуваат не се доволни за пообемни работи, за заштита и за очувување на вреднисти во овој археолошки локалитет,каде од под вулканскиот пепел се појави некогашниот град, онаков каков што бил пред безмалку две илјади години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top