Тешка сообраќајна несреќа во Турција

Едно лице загина, а најмалку 49 се повредени во тешката сообраќајна несреќа во Турција, кога патнички автобус се судрил со училишен автобус.

 |   | 

Едно лице загина, а најмалку 49 се повредени во тешката сообраќајна несреќа во Турција, кога патнички автобус се судрил со училишен автобус.

Несреќата се случила на автопатот Мугла Денизли околу 7.30 часот по локално време, јавуваат турските медиуми.

Патничкиот автобус, како што пренесуваат тамошните медиуки, удрил во училишен автобус и се превртел.

Возачот на автобусот со туристи починал на лице место. Според првичните информации непосредно пред несреќата претрпел срцев удар. Меѓу повредените има 42 туристи од Украина, седум ученици, како и возачот на училишниот автобус. Сите се пренесени во болница.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top