“Ќе се сретнеме во рајот,“ гласела пораката што била испишана на арапски јазик на парче хартија најдено во џебот на Џенет Абдурахманова, 17-годишната девојка за која што се смета дека изврши еден од нападите на метрото во Москва. Во тек е графолошка анализа на ракописот.
И самото име на жената самоубиец произлегува од арапскиот збор Џенет, што значи рај. Како и нејзините претходнички кои себе си се нарекувале “црни вдовици“ и нејзиниот мотив за нападот најверојатно бил одмазда за убиството на нејзиниот сопруг.
Се уште не е познато како Абдурахманова се нашла меѓу терористите, иако локалните власти уште претходно ја идентификувале Џенет како некој што е склон кон екстремизам.
Таа потекнувала од мало село во Дагестан. Се шпекулира дека можеби после смртта на нејзиниот сопруг западнала под влијание на идеологијата на вехабистите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град