Тенк за по дома

Кинезот Хао Јинџи потрошил седум месеци и 90.000 евра за изработка на копија на рускиот тенк Т62.

 |  Маја Савиќ  | 
tenk
тенк

tenkКинезот Хао Јинџи потрошил седум месеци и 90.000 евра за изработка на копија на рускиот тенк Т62.

Тенкот, што го изградил во неговата куќа, е исфарбан во маскирни бои, има реалистична цевка за истрелување проектили и дебели гасеници, а може да се движи со брзина од 16 километри на час. Неговата цевка, сепак, не истрелува приектили, туку мешавина од етан и кислород.

-Огнената моќ на овој тенк не е опасна за луѓето. Тој е направен само за забава, рече Хао.

Хао води компанија за производство на туристички возови. Тој сега се надева дека овие тенкови во иднина ќе бидат профитабилни. Еден е веќе продаден и се наоѓа во парк во Монголија, а може да бидат продадени уште триесетина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top