Тело на тинејџерка е пронајдено на имотот на Елизабета Втора

На имотот на британската кралица Елизабета Втора во Сандрингем неодамна е пронајдено тело на млада девојка, за која полицијата соопштила дека е 17-годишната Алиса Дмитриева од Летонија, која била пријавена за исчезната во август минатата година.

 |   | 
imotot na kralicata
imotot na kralicata

mestoto na zlostorstvotoНа имотот на британската кралица Елизабета Втора во Сандрингем неодамна е пронајдено тело на млада девојка, за која полицијата соопштила дека е 17-годишната Алиса Дмитриева од Летонија, која била пријавена за исчезната во август минатата година.

Телото на девојката било откриено на први јануари од лице кое го шетало своето куче на околу еден километар од главната капија на кралскиот имот во источниот дел на Англија.

Детективите претпоставуваат дека тинејџерката е убиена, а полицијата соопштила дека е “многу малку веројатно“ дека девојката починала од природна смрт.

AlisaДмитриева, која е родена во Летонија, а живеела во Англија, последен пат била видена на 31-ви август во блискиот град Кингс Лин, а еден член од нејзиното семејство го пријавил нејзиното исчезнување на шести септември.

Полицијата ја идентификувала девојката со помош на отисок од дланката и ДНК од бутната коска после неколку неуспешни обиди.

Полицијата во декември понудила награда од 5.000 фунти на оној кој ќе даде било каква информација за движењето на Алиса Дмитриева по 31-ви декември.

На местото каде е пронајдено телото на младата Летонка редовно се ловат фазани, во што учествуваат и членови на кралското семејство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top