Околу 500 талибанци побегнале од затвор во Авганистан

Околу 500 талибански затвореници, во текот на ноќта успеале да побегнат од затвор во Кандахар, Авганистан, низ подземен тунел.

 |  Маја Савиќ  | 
zatvor -Kandahar
Затвор -Кандахар

Околу 500 талибански затвореници, во текот на ноќта успеале да побегнат од затвор во Кандахар, Авганистан, низ подземен тунел.

“Тунел долг неколку стотини метри, е ископан јужно од затворот до неговата внатрешност и 476 политички затвореници успеале да избегаат“,  изјавил директорот на затворот.
zatvor -Kandahar
Портпаролот на талибанците, Јусуф Ахмади, потврдил дека зад оваа акција стојат талибанците.

Според неговите зборови, од затворот во рок од неколку часови побегнал 541 затвореник, од кои 196 команданти. Ахмади навел дека копањето на тунелот, во должина од 360 метри, траело пет месеци и додал дека бегството не е проследено со насилство.

Од канцеларијата на гувернерот на градот Кандахар, било соопштено дека е уапсен “поголем број“ од затворениците кои успеале да го минат тунелот и се трага по останатите.

Ова е второ по ред масовно бегство од авганистанските затвори во последните три години.

Кандахар е упориште на талибанското движење и во тоа подрачје се водени некои од најзначајните борби од почетокот на војната во Авганистан во 2001 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top