„Тајмс“: Турција се наоѓа на работ од катастрофа

Турција се наоѓа на работ од катастрофа поради судирот меѓу Владата и Армијата, што може да има катастрофални последици за иднината на оваа земја која е столб на НАТО, стратешки партнер на Западот и на Блискиот Исток и потенцијална членка на Европската унија, пишува „Тајмс“.

 |  Маја Савиќ  | 
turcija
турција

turcijaТурција се наоѓа на работ од катастрофа поради судирот меѓу Владата и Армијата, што може да има катастрофални последици за иднината на оваа земја која е столб на НАТО, стратешки партнер на Западот и на Блискиот Исток и потенцијална членка на Европската унија, пишува „Тајмс“.

Сегашниот судир меѓу умерената исламистичка Влада на премирот Реџеп Ердоган и на воениот врв може да заврши со воен удар, или со предизвикување политичко и верско насилство што на Западот, како и на стабилноста во поширокиот регион може да им нанесе огромна штета.

– Премерот Ердоган, пради сето тоа, мора да излезе како победник од овој судир, забележува лондонскиот весник. Според „Тајмс“, неприфатливо е во земја која сака да биде дел од ЕУ, армиските челници да не може да бидат изведени на судење пред граѓанските судови, да имаат право на вето на политичките одлуки, да го блокираат решението за Кипар и да и се закануваат на Владата. Во една ваква ситуација, премиерот мора да биде тактичен и трпелив, но и енергичен за да не предизвика сегашниот гнев на армискиот врв да предизвика хаос во оваа земја, како што тоа пред седум години сакала да го направи, заклучува „Тајмс“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top