Претставници на државното раководство на Србија присуствуваа во Крагуевац на претставувањето на првиот модел „L zero“ на италијанскиот „Фиат“, произведен во Крагуевац.
Со новиот модел на крагуевачкиот Фиат се повозија српскиот претседател Борис Тадиќ и премиерот Мирко Цветковиќ кои изразија задоволство од проектот од кој очекуваат пораст на извозот од милијарда ипол до две милијарди евра кога ќе се подигне капацитетот на производството како и намалување на минусот во платниот биланс во Србија.
Новиот модел се очекува да биде претставен пред јавноста на претстојниот саем за автомобили во Женева.
Српскиот модел на „Фиат“ во предниот дел наликува на „Тополино“, а во покривот – на „Мини морис“.
Новиот модел на „Фиат“ ќе почне да се продава во втората половина на идната година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град