Словачкиот министер за земјоделство Золт Шимон, реши пред сите продавници во земјата, кои продаваат неквалитетни продукти да се стави „табла на срамот“.
Шимoн се решил на ваков чекор поради неодамнешниот извештај од инспекциите, според кој третина од продуктите што се продаваат во словачките продавници се расипани или неквалитетни.
Поради тоа, со измените на Законот за прехранбени производи, продавачите на влезот на продавниците ќе мораат да ставаат табли на кои ќе ги пишуваат резултатите од контролата на инспекциите.
Министерот Шимен рече дека во словачките продавници најмногу се продаваат јогурт и сирења со изминат рок, расипано месо и скапано овошје и зеленчук.
Трговците од Словачка се категорично против „жигосувањето од страна на министерот и инспекциите“.
Во Чешка неодамна пропадна сличниот обид да се обележат оние кои продаваат или работат неквалитетно.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град