СЗО прогласи петто ниво на тревога

Светската здравствена организација (СЗО) го подигна степенот на тревога од четврти, на петти степен, бидејќи вирусот на новиот грип се шири без знаци на забавување.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Светската здравствена организација (СЗО) го подигна степенот на тревога од четврти, на петти степен, бидејќи вирусот на новиот грип се шири без знаци на забавување.

Ова е прв пат во последните 25 години СЗО да го крене степенот на готовност на пет, од вкупно шест нивоа.

Во меѓувреме, хрватското Министерство за здравје соопшти дека во Осиjек е регистриран прв случај за кој постои сомневање дека е заразен со вирусот Х1Н1.

Студентка по економија, која престојувала две недели во САД на студентска размена, е задржана во карантин по д сомневање дека е заразена со вирсуот на новиот грип.

SZOХрватскиот министер за здравје Дарко Милиновиќ потврди дека во оваа држава е забележан прв сомнителен случај.

САД, вчера, потврдија прв смртен случај. Во Тексас, од новиот грип починало 23-месечно бебе, а бројот на заболени се искачи на 91 лице.

Во Европа, Австрија е најновата држава што пријави еден случај на зараза. Германија потврди три случаи, а во Британија се потврдени три нови случаи.

Нови случаи се регистрирани во Шпанија, Израел и на Нов Зеланд.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top