Светските лидери на самитот Г-20 во Лондон

Лидерите на земјите-членки на групата Г-20 се собираат во Лондон за самитот во обид да се изнајде заеднички прифатливо решение за совладување на глобалната финансиска криза и рецесијата во економијата, што се означуваат како најголеми по депресијата од триесетите години на минатиот век.

 |  Крсте Голабовски  | 
G-20
Г-20

Лидерите на земјите-членки на групата Г-20 се собираат во Лондон за самитот во обид да се изнајде заеднички прифатливо решение за совладување на глобалната финансиска криза и рецесијата во економијата, што се означуваат како најголеми по депресијата од триесетите години на минатиот век.
Оваа меѓународна конференција што се одржува в четврток, во деловниот центар Ексел, источен Лондон, се одржува во услови на силни безбедносни мерки откако полицијата предупреди на можноста од насилни протести против сегашната економска криза, актулениот меѓународен економско-финансиски поредок, како и против климатските промени и војните во светот.

Вработените во лондоснкиот финансиски центар „Сити“, каде се сместени најголемиот број од британските и американските банки и сите други финансиски организации се предупредени денес и утре да се однесуваат „крајно неупадливо“. Од банкарите е побарано да се облекуваат скромно, во никој случај да не ги провоцираат демонстрантите и ако е тоа можно, да не доаѓаат на работа, туку два дена да работат од дома.
Американскиот претседател Барак Обама пристигна синоќа, придружувајќи им се на претседателот на Мексико Филипе Калдерон, кој се наоѓа во државна посета на Велика Британија и на австралискиот премиер Кевин Рад кој е во Лондон уште од викендот.

Во текот на претпладнево се очекува да допатуваат сите други учесници кои попладнето ќе имаат бројни меѓусебни билатерални средби во настојувањето да се усогласат различните ставови и позиции за конференцијата. Сите учесници вечерва ќе присуствуваат на свечениот прием што во Бакингамската палата за лидерите од Г-20 го приредува британската кралица Елизабета Втора.

logoУште пред да допатува во Лондон, американскиот претседател Обама изрази надеж дека Г-20 ќе може да обезбеди нов глобален договор. Но, очекуваеето на британските домаќини, дека овој самит ќе успее да донесе дефинитивен план за поттикнување на светската економија, се изјаловија поради отворените несогласувања меѓу САД и Велика Британија на една и земјите од ЕУ ,а пред се Франција и Германија, од друга страна.
Претседеталетот Никола Саркози и канцеларот Ангела Меркел имаат најавено за денеска заедничка прес-конференција, што во Лондон се означува како создадавање на своевиден фронт на Париз и Берлин против англосаксонските настојувања за уште повеќе трошење и за нови фискални стимулации. Францускиот министер за финансии Кристин Лагард во изјава за Би-Би-Си синоќа се закани дека Франција би можела да се повлече од заедницката декларација на конференцијата ако не се постигне согласност за стриктни правила на финансискиот пазар, на што инсистира официјален Париз.
Канцеларот Меркел претходно порача дека е против натамошното „пумпање“ свежи пари, пред да се види каков е ефектот од досегашата интервенција и додека не се создаде поцврста финасиска регулатива.
Лондонскиот самит Г-20 се оценува како мошне важен и за домаќинот на конференцијата, британскиот премиер Гордон Браун, чиј углед како економски компетентен политичар е сериозно нарушен со банкарскиот крах и со финансиската криза. Самитот во Лондон е втор по ред на групата земји од Г-20. Првиот се одржа на 15 ноември минатата година, во Вашингтон, под раководство на тогашниот претседател на САД, Џорџ Буш. Членки на групата на дваесте најмоќни економии во светот и оние кои најбрзо се развиваат се Аргентина, Австралија, Бразил, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Индонезија, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Јужна Африка, Кина, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, САД и Турција, како и Европската унија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top