Денеска се слави светскиот ден на радиото, прогласен од страна на УНЕСКО.
Денеска се слави светскиот ден на радиото, прогласен од страна на УНЕСКО.
Неговата цел е да се подигне свесноста за значењето на радиото меѓу јавноста и медиумите, да се охрабри вмрежувањето и меѓународната соработка меѓу радиодифузерите и да се промовира пристапот до информациите и слободата на изразување преку брановите на овој медиум.
Радиото, како универзален медиум кој досега до различни заедници и маргинализирани групи, нудејќи притоа забава, едукација, користење на правото на слобода на изразување, јавни дебати, е составен дел од секојдневието на многумина. Со развојот на интернет и мобилните технологии уште повеќе се зголемуваат неговите досегашни можности.
Имено, радиото претставува бежична трансмисија на сигнали по пат на модулација на електромагнетни бранови, со фреквенција под видливата светлина.
Електромагнетното зрачење патува по пат на осцилација на електромагнетните полиња, преку воздухот, во вакуум и во вселената. Информацијата која се носи на амплитудата на фреквенцијата. Кога радио брановите ќе поминат низ проводник, осцилациските полиња индуцираат наименична струја во проводникот. Ова може да биде детектирано и пренесено во звук.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град