Светски ден за борба против СИДА-та

Традиционалното одбележување на Светскиот ден за борба против сидата ќе се одржи во вторник насекаде во светот во организација на Обединетите нации.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Традиционалното одбележување на Светскиот ден за борба против сидата ќе се одржи во вторник насекаде во светот во организација на Обединетите нации

logoЗа таа цел предвидено е во вторник во Македонија да се одржат повеќе манифестации, вклучително и музичкиот фестивал Таксират.

Заклучоците и препораките за ХИВ/СИДА во македонското законодавство од аспект на човековите права ќе бидат претставени на тркалезна маса, која ќе биде раководена од експерти по човекови права.

Министерот за здравство Бујар Османи и Постојаниот координатор на Обединетите нации Карлос Малдонадо на прес конференција ќе ги пренесат клучните препораки во однос на темата и да дадат увид во програмите кои се борат против дискриминацијата.

Нови шест ХИВ позитивни и еден случај на СИДА се регистрирани годинава во Македонија, соопштија в понеделник здравствените служби,

Годинава е регистриран и еден смртен случај од СИДА, а се работи за пациент кој е заразен од порано и не спаѓа меѓу новите случаи.

Во светот од 1981 година до сега од СИДА умреле 25 милиони луѓе, додека во Африка има повеќе од 14 милиони сираци поврзани со смрт на родители од СИДА.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top