АПЕК: Светската економска криза може да биде надмината за 18 месеци

Глобалната финансиска криза може да биде надмината во средината на 2010 година, се наведува во декларацијата од форумот за Економска соработка на Азиско-пацифичкиот регион (АПЕК).

 |   | 
APEK
АПЕК

Глобалната финансиска криза може да биде надмината во средината на 2010 година, се наведува во декларацијата од форумот за Економска соработка на Азиско-пацифичкиот регион (АПЕК).

Во документот лидерите на 21 земја од Азија и од Северна и Јужна Америка наведуваат дека за 18 месеци ќе биде надмината глобалната економска криза и оти веќе се преземаат мерки за стабилизација на финансиските сектори и за поттикнување на еконосмкиот раст.

АПЕКНа форумот во Лима беше потенцирано дека лидерите на земјите-членки на АПЕК ќе се трудат да ја вратат довербата во светскиот финансиски систем и оти нема да дозволат нови трговски бариери. Тие апелираа за поголем придонес на АПЕК во Меѓународниот монетарен фонд и другите финансиски институции.  

Декларацијата усвоена на форумот на организацијата на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) е необврзувачка и содржи повеќе од заклучоците од состанокот на Г-20, што се одржа минатата недела во Вашингтон.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top