Сите 11 странски играчи и тренери во составот на “Локомотив“ загинале во несреќата. Меѓу нив и канадскиот тренер Бред Меккримон, легендарниот словачки хокејаш Павол Демитра, шведскиот вратар Лив Стефан, тројца чешки репрезентативци, Јан Марек, Карел Рачунек и Јосеф Вашичек, како и играчи од Германија, Белорусија, Латвија и Украина.
Несреќата ја преживеале само хокејашот Александар Галимов, кој со изгореници од 80 отсто се наоѓа во болница и се бори за живот, како и еден член на екипажот Александар Сизов.
“Изразувам длабоко сочуство до семејствата на сите загинати и до навивачите на Локомотив“, изјавил претседателот на државата Дмитри Медведев кој денес ќе го посети местото на несреќата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град