Бројот на жртви при колапс на покривот на супермаркетот „Максима ХХ” во предградието на Рига се искачи на 21, а триесетина лица се здобиле со повреди, пренесе Би-Би-Си.
Бројот на жртви при колапс на покривот на супермаркетот „Максима ХХ” во предградието на Рига се искачи на 21, а триесетина лица се здобиле со повреди, пренесе Би-Би-Си.
Меѓу загинатите се и тројца пожарникари кои работеле на спасување на повредените.
Според летонската државна новинаска агенција „ЛЕТА“ спасувачката мисија се’ уште трае, имало повеќемина затрупани под рушевините, бидејќи во моментот на несреќата маркетот бил полн со купувачи.
Според нивните проценки околу 70 лица биле заробени под рушевините.Причините за несреќата се’ уште не се познати, но официјални претставници рекоа дека на покривот се градела зимска градина.
Локалните власти побараа од граѓаните да донираат крв за повредените.Според очевидци објектот, стар само две години, се срушил како кула од карти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град