Според метеоролози студениот бран во Европа ќе продолжи до крајот на февруари, поради што продолжуваат своевидните рекорди во врска со студот кој во изминатите неколку дена беше причина за над 480 жртви во Европа.
Во Франција е регистрирана рекордна во историјата потрошувачка на електрична енергија. Во 19 часот вчера по локално време, потрошувачката била 101.700 мегавати, со што е „соборен рекордот“ од претходната вечер – 100.500 мегавати. Потребите за природен гас исто така беа на рекордно ниво – 3.395 гигавати на час.
Германија, која реши да се откаже од нуклеарна енергетика до 2022 година, требаше за првпат да посегне по реакторите кои се исклучени од мрежата, но зачувани како резерва во случај на вонредна ситуација, објави весникот Ханделсблат.
Пет од осумте германски реактори исклучени во текот на летото, се во југозападниот дел од државата каде ситуацијата е особено тешка.
Во Франција е регистрирана зголемена продажба на палта и капути како и на шалови и шапки. Министерката за млади во Франција Нора Бера испрати преку својот блог совети за справување со студот кои повлекоа потсмев кај дел од граѓаните. Таа во викендот препорача бебињата, возрасните и бездомниците да не ги напуштаат домовите заради студот. Препораката до последната категорија луѓе, предизвика критика и потсмев и таа ја корегираше препораката.
Маж на возраст од 34 години се обиде да се самоубие со скокање од мост во Елзас, но удрил во големо парче мраз и така преживеал. Го спасиле пожарникарите од замрзнатата река.
Во Италија жртвите од студот се најмногу во цела западна Европа – 40. Станува збор за жртви на студот, но и на сообраќајки поради лошите услови, објави Кориере дела сера.
Вчера беше прекинато движењето на метрото во Торино поради поплави. Мраз покри и голем дел од каналите во Венеција.
Во Холандија, пак, се надеваат на уште постудено време за да може да се одржи трка по 200 км. заледени канали во провинцијата Фрислант. На настанот наречен Натпревар меѓу 11 градови, се очекуваат околу два милиони учесници, но и услови – 15-сантиметри ледена покривка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град