Стив Џобс има уште неколку недели живот ?!

Првиот човек на Епл умира од рак и има уште 6 недели живот, тврдат американските медиуми, објавувајќи слики од Џобс како заминува од истата калифорниска клиника во која Патрик Свејзи ги мина последните денови од својот живот.

 |  Маја Савиќ  | 
Stive Jobs
Стив Џобс

Првиот човек на Епл умира од рак и има уште 6 недели живот, тврдат американските медиуми, објавувајќи слики од Џобс како заминува од истата калифорниска клиника во која Патрик Свејзи ги мина последните денови од својот живот.

Фотографите на National Enquirer успеале да го сликаат преслабиот шеф на Епл пред Станфорд центарот за рак, во Пало Алто, Калифорнија. Дел од сликите што ги направиле пред клиниката им ги прикажале на двајца доктори, кои од фотографиите процениле дека состојбата на Џобс е речиси терминална.

Sive jobs

Џобс, кој на 24-ти февруари ќе полни 56 години, минатиот месец објави дека ќе отсуствува на одредено време заради боледување. Сe уште не е познато дали неговите моментални проблеми со здравјето се поврзани со пресадувањето на црниот дроб од 2009-та, или ракот на панкреас што претходно го имаше.

Наспроти сите овие прогнози, Џобс денес има средба со претседателот на САД, кој е во посета на Силициумската долина, каде треба да се сретне и со 26-годишниот основач на Фејсбук, Марк Цукерберг.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top