Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе ја посети Тирана, каде што ќе се сретне со премиерот на Албанија, Еди Рама.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе ја посети Тирана, каде што ќе се сретне со премиерот на Албанија, Еди Рама.
Потоа таа ќе има заеднички ручек со шефовите на владите на земјите од Западен Балкан, по што ќе има одделни средби со премиерите на Црна Гора, БиХ, Северна Македонија и Косово.
Целта на посетата, според албанските медиуми, е да се даде нов поттик на Берлинскиот процес започнат во 2014 година.
Инаку, ова е вторпат Меркел да дојде во Тирана, по посетата во јули 2015 година.
Поради посетата, албанската полиција презеде низа безбедносни мерки, од изменет сообраќаен режим на повеќе улици во градот, до зголемено присуство на полициски службеници, како и засилена контрола при влез и при излез од Тирана.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град