Србите биле најнежен народ во Европа ?!

Со над 60% од луѓето склони кон внимание и развивање на односите со најблиските (не и со комшиите и колегите), Србите се прогласени за најнежен народ во Европа.

 |   | 

Со над 60% од луѓето склони кон внимание и развивање на односите со најблиските (не и со комшиите и колегите), Србите се прогласени за најнежен народ во Европа.

neznostМнозинството Срби настојуваат да бидат нежни кон саканите, што ги прави порасположени за нежност и од Италијанците, кои се нашле на 8-то место, додека Французите завршиле на 15-то место (од вкупно 18 земји), покажала анкета на компанијата “Милка,“ пренесува Б92.
Многубројните секојдневни обврски, недостигот на време и стресот се најчести причини што луѓето не им обрнуваат внимание и не се нежни кон своите најблиски онолку колку што би сакале. Оние до 24 години пак се плашат да не не им биде возвратена нежноста.
Според резултатите, на Србите колегите и соседите не им се први на списокот на луѓе на кои би сакале да им посветат повеќе внимание и да ги продлабочат врските, при што 57% од испитаниците рекле дека се пријатни со нив само кога се добро расположени.

За вицешампион во нежност на стариот континент е прогласена Унгарија, каде нежноста ја уважуваат и практикуваат 58% од жителите, а со само 28% Чешка се нашла на последното место.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top