Во Србија до три години затвор за убиство на бубамара

Во Србија, според Законот кој стапи во сила на почетокот на оваа година, забрането е убивање на мравки, бубамари и глувци, за што е предвидена казна до десет илјади евра или до три години затвор.

 |  Маја Савиќ  | 
bubamara
бубамара

bubamaraВо Србија, според Законот кој стапи во сила на почетокот на оваа година, забрането е убивање на мравки, бубамари и глувци, за што е предвидена казна до десет илјади евра или до три години затвор. Согласно Законот за заштита на животната средина, односно правилникот со кој одредени видови животни се заштитени во Србија, од почетокот на оваа година казниво е убивањето, но и одгледувањето на мочуришни полжави, крастави жаби и медицински пијавици.

Татјана Бабиќ, шеф на одделението на инспекцијата за заштита на животната средина на прашањето дали е казниво да се убие бубамара, глушец или мравка, кои „своеволно“ влегле во нечиј дом порача дека е потребно да се информираат Министерството за животна средина или Заводот за заштита на природата на Србија.

– Овие животни спаѓаат во строго заштитените диви видови врз основа на истражувањата на теренот, по кои се донесува проценка за состојбата на популацијата на некој вид, додаде таа.

Бабиќ истакна дека според ценовникот, кој е донесен во април оваа година, казната за фаќање, држење, убивање на заштитетните диви виодови на животни, како и тргувањето со нив, за правните лица изнесува од пет до десет илјади евра, а за физичките од 50 до 500 евра.

– Со законот е предвидена и казна затвор од три месеци до три години, додаде Бабиќ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top