Проблемот со дебелите Срби, здравствените власти планираат да го решат со одобрување бесплатни операции, за што ќе издвојат по 3.000 евра за секој пациент на кој ќе му биде направен бајпас на желудникот.
На пациентите, за кои што тим од стручњаци ќе процени дека им е неопходно хируршко лекување, ќе им се закажуваат операции од февруари 2011-та, пишува Блиц.
“Во нашата држава има околу 15.000 луѓе кои се предебели и потенцијални кандидати за вакви операции. До сега се прегледани околу 80 пациенти и тие, доколку останатите методи на лекување немаат ефект, ќе бидат подложени на хируршко лекување,“ посочил д-р. Џорџе Бајец, директор на Клиничкиот центар на Србија.
Се предвидува во мултидисциплинарниот центар за третман на гојазноста да работат разни специјалисти, пред се ендокринолози, нутриционисти, психијатари, хирурзи, анестезиолози и радиолози. Хируршката терапија ќе се применува кај лицата кај кои физичката активност и диетите не дале позитивни резултати. Идејата е во овој центар да се лекуваат и контролираат луѓето кои имаат индекс на телесна маса преку 35.
Тој објаснил дека станува збор за нови методи кои се сведуваат на ставање прстен околу желудникот заради негово стеснување и бајпас на малиот дел од желудникот кој што се поврзува со тенкото црево. Методот овозможува да се намали огромниот резервоар на желудникот, за да прима исклучиво мала количина на храна. Пациентот по интервенцијата не чувствува глад а храната брзо преминува во тенкото црево.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град