Србите со најниски плати и најмала куповна моќ

Платите и куповната моќ во Србија заостануваат во споредба со Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, покажуваат резултатите од истражувањето на хрватската агенција „Ниелсен“, објавени во белградскиот весник „Политика“.

 |  Крсте Голабовски  | 

Платите и куповната моќ во Србија заостануваат во споредба со Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, покажуваат резултатите од истражувањето на хрватската агенција „Ниелсен“, објавени во белградскиот весник „Политика“.

BelgradИстражувањето е спроведени во четири поранешни југословенски републики при што се земени просечните нето плати и куповната моќ преку цените на пет карактеристични артикли – литар пиво, килограм прашок за перење, паста за заби, килограми кафе и кутија цигари.

Според висината на платите, Србија е на последно место со 348 евра, БиХ е претпоследна – 407 евра, Хрватска има просечна плата од 730 евра, а Словенија е на прво место со месечна просечна плата од 922 евра. Во истражувањето се истакнува дека во Србија  покрај најниските плати има и најниски цени.
Во однос колкаво количество артикли може да се купи од една плата, Србија повторно е последна. „Ниелсен“ наведува дека од просечна месечна плата Србинот може да купи 377 литри пиво, во БиХ – 397 литри, во Хрватска – 452, додека Словенецот може да купи 542 литри пиво.
Ако целата плата се потроши на кафе, во Србија би се купиле 45 килограми, во БиХ 51, во Хрватска – 73, а во Словенија 105 килограми.

Цигарите во Словенија просечно чинат 2,6 евра и за месечна просечна плата може да се купат 376 кутии, а во Хрватска 306 кутии по просечна цена од 2,4 евра. Во Србија кутија цигари чини околу едно евро и можат да се купат 362, додека во БиХ овој артикл е најевтин – 0,9 евра и може да се купат 458 кутии.
Според истражувањето, прашокот за перење во споредба со платите највисока цена има во Словенија (2,6 евра), потоа во Хрватска (2,4 евра), следи БиХ (1,6 евра) и Србија (1,4 евра). Односот е ист и кај цената на пастата за заби – Словенија 2,5 евра, Хрватска две евра, БиХ 1,4 и во Србија просечно чини 1,1 евро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top