Создадена вакцина против сите досега познати вируси на грип

Новата вакцина е создадена од научниците на Универзитетот во Оксфорд и таа се заснова на сосема поинаква основа од онаа на која делуваат сегашните вакцини. Научниците успешно ја тестираа вакцината која делува против сите досега познати вируси на грип.

 |  Маја Савиќ  | 
vaccine
вакцина

Новата вакцина е создадена од научниците на Универзитетот во Оксфорд и таа се заснова на сосема поинаква основа од онаа на која делуваат сегашните вакцини. Научниците успешно ја тестираа вакцината која делува против сите досега познати вируси на грип.

Екипата научници, со кои раководи Сара Џилберт, во работата на создавањето на новата вакцина се насочиле кон протеините внатре во вирусот на грипот, наместо како досега напаѓајќи ги протените на надворешната обвивка од телото на вирусот.

Научни експерти објаснуваат дека традиционалните вакцини делуваат на тој начин што го поттикнуваат телото самото да создава антитела во битката со вирусот на грип. Новата постапка на Џилберт и нејзините соработници предвидува создавање на Т-клетки што се подготвени да ги убиваат инфицираните клетки што ги предизвикал вирусот.

– Новата вакцина е веќе тестирана врз доброволци кои во себе имаат  Т-клетки подготвени да се пресметаат и да го убијат вирусот во нивото тело, вели Сара Џилберт.

Успешното развивање на новата вакцина може да помогне за спречувањето од ширењето на масовни зарази и пандемија на  грипот, како онаа од минатата година што ја чинеше Велика Британија 1,2 милијарди фунти, само за брзото откривање на „традиционалната“ вакцина против овој вирус.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top